МК Сцена
Овации за „Биг бендот“ на МРТВ на стартот на Интернационалниот џез фестивал во Прилеп (ФОТО)
Вчеравечер на летната сцена на Центарот за културата „Марко Цепенков, започна јубилејното петто издание на Интернационалниот Џез-викенд во Прилеп.
Фестивалот го презентира музичкото творештво во светот на џезот пред прилепската публика со основна идеја за поинаков урбан Прилеп и заложби за следење на вистинските светски културни вредности.
Манифестацијата се отвори со Биг бендот на МРТВ, кои предизвикаа вистински овации кај публиката и фри џез составот Хашима од Србија.








