МК Сцена
Фанк сензацијата „The Haggis Horns“ од Велика Британија утре гостува во Скопје
Градска сесија со „The Haggis Horns“, фанк сензацијата од Велика Британија, ќе се одржи в среда, 6 декември, со почеток во 22 часот, во ноќниот клуб „Станица 26“, најави концертната агенција и продукција „3Гонга“.
Овие седум екстравагантни обучени џез музичари во живо звучат и подобро отколку на самите студиски албуми. Нивната музика е комбинација на брејк бит фанк, хип хоп, афро бит и џез.
На оваа група докажани музичари и не им е потребна помпезна најава, земајќи предвид дека досега соработувале со музичари како Џамироквај, Џон Леџенд и Д Рутс, Ејми Вајнхаус, Марк Ронсон, Марта Ривс, Рутс Манува, Лу Доналдсон, Адел, Морчиба, Роби Вилијамс, Дјуран Дјуран, Лили Ален…




