МК Сцена
Заврши јубилејниот Скопје постер фестивал
Затворањето на последните изложби од 10. Скопје постер фестивал во Музејот на град Скопје го заокружи јубилејно издание.
Од 14 ноември до 4 декември фестивалот понуди изложби, мастер-работилници, дизајн конференција, панел дискусија, дружење со менторите, забавна вечерна програма.
Графички дизајнери од пет земји кои беа во жирито ја направија селекцијата од илјадници пристигнати плакати од 68 земји на 10. Скопје постер конкурс кој беше на тема „Вештачка реалност”.




