МК Сцена
„Фанк Шуи“ – нови ексклузивци на Авалон продукција (ФОТО)
Авалон продукција почнува соработка со младиот скопски бенд „Фанк Шуи“, кој постои седум години и комбинира различни ритмови и алтернативни инструментални музички жанрови.
Денис Илиоски од Авалон продукција на денешната прес-конференција истакна дека следната година одбележуваат 25 години од постоењето. Авалон продукција ќе биде издавач, промотор и букинг-агент на „Фанк Шуи“ и истакнаа оти ќе го искористат своето искуство за да ги изнесат надвор од границите на Македонија.
На почетокот во групата членувале Лука Ѓоргиевски (вокал и гитара), Давид Николовски (тапани) и Стефан Стојанов (бас гитара), кој во моментов е на студии во САД, а на негово место се приклучил Михаил Намичев.





