Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Фестивал „Скопје 2015“: Прво место и 600 илјади денари за групата „Ај Кју“

МК Сцена

Фестивал „Скопје 2015“: Прво место и 600 илјади денари за групата „Ај Кју“

Победник на годинешното издание на фестивалот на забавни мелодии „Скопје 2015“ е групата „Ај Кју“ со песната „Убава“, која доби најмногу гласови од телевоутингот и стручното жири, според евровизискиот принцип на гласање.

Младите изведувачи ја освоија и највисоката парична награда – 600 илјади денари.

Втората награда отиде во рацете на Симона Попоска со песната „Сеедно е“- дело на Горјан Стојановски и Никола Автовски. Освои парична награда од 450 илјади денари.

На третото место се пласира Сара Мејс, со песната „Градина од цреши“, која е нејзино дело. Таа освои парична награда вредна 300 илјади денари.

Гласањето и оваа година беше според евровизискиот модел, односно 50 проценти беа од гласовите на публиката, а останатите 50 од стручното жири во состав: Иван Мирчевски, Сузана Стефановска, Радица Митиќ , Александра Јовановска и Марко Марк.

zaedno[1]

Во ревијалниот дел, за време на гласањето публиката ја забавуваа Елена Ристеска и Тамара Тодевска, по што наградата за животно дело и придонес во создавањето и афирмирањето на Скопскиот фестивал, а со тоа и на македонската музичка историја, оваа година МРТ му ја додели на композиторот, интерпретатор и музички продуцент, Славе Димитров.

Во негова чест, Маја Саздановска, Олгица Христовска и Виолета Томовска нè потсетија на едно од неговите најпознати дела – детската песна „Во светот на бајките“.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од МК Сцена

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.