МК Сцена
ФХ3Х дел од Марвеловиот „Fantastic Four“
Македонската компанија за анимација и постпродукција е дел од проектот на најновиот Марвелов филм „Fantastic Four“, во соработка со MPC Tehnicolor.
Кристијан Даниловски, ко-сопственик и извршен продуцент во ФХ3Х за оваа соработка изјави дека на овој проект беше ангажирана група од 20 артисти, кои во периодот од јануари и февруари годинава работеа на 94 кадри.
– Филмот е модерна преработка на оригиналната приказна на најстариот Марвелов суперхеројски тим, и ова е веќе десетти Марвелов проект во кој сме вклучени. Пристапот кон модернизирањето е одличен, приказната е земена од The Ultimates, што за фановите значи свежа приказна, помлад тим и поатрактивна динамика. Овој пат во однос на ефектите во филмот, можеме да кажеме дека ликот на The Thing е целосно компјутерски изведен по пат на motion capture технологија, и само очите на актерот се оние кои не се компјутерски обработени, изјави Даниловски.




