Сцена
На Џастин Бибер му е продолжен рокот за извршување на казната
Тинејџерската ѕвезда Џастин Бибер е осуден на две години условно и пет дена општествено корисна работа, бидејќи во 2014 година кон соседите фрлал со јајца во Лос Анџелес.
Со оглед на тоа дека пејачот е осуден на пет денови општествено корисна работа и ако тоа не го заврши во определениот рок, ќе биде уапсен.
Сепак, Џастин го повреди глуждот и не е во можност да одработи пет дена социјално корисна работа која опфаќа бришење графити, чистење и друга физичка работа.




