МК Сцена
Финале на „Пинковите ѕвездички“: Марија прва, Трајче на чекор до победата
Марија Сердар вчеравечер беше прогласена за најдобра ѕвездичка на Пинк, а нашиот Трајче го освои второто место во ова детско натпреварување.
Иако публиката остана зачудена поради терминот и времетраењето на детското музичко шоу „Пинкови ѕвездички“ кое траеше до раните утрински часови, сепак тоа не беше причина Трајче Горгиев и останаите кандидати да останат упорни до крај во борбата за ѕвездичката на Пинк.
Со извонредни настапи на бината на „Ѕвездичките на Пинк“ ова момче од Струмица уште еднаш го докажа македонскиот талент.




