МК Сцена
ФОТОГАЛЕРИЈА: Со светски моден перформанс започна „ноќниот шопинг“ во Скопје Сити Мол
Beachwear Fashion Show, со кое вчеравечер и официјално започна Late Night Shopping во Скопје Сити Мол, беше полн погодок за сите присутни.
Згодните модели мамеа погледи под убавото вечерно небо, а тие на присутните им ги претставија најновите летни колекции. Миксот од новите модни парчиња, убавината која парадираше на модната писта, летната атмосфера на сцената на чело со Лила Филиповска, провокативната Симона Поповска со својот примамлив настап заедно со Ерик Фокс од The Sound Messengers, жешкиот ритам на Тумбао Салса Бенд и загревањето со летните звуци на ДЈ-от, не дозволија никој да остане рамнодушен.
Но за забавата да биде комплетна, модното шоу беше надополнето со гламурозен златен финиш. Една од моделите се појави на сцената прекриена само со сјајни Сваровски кристали, а ловејќи ги погледите на гостите, покрај неа се гледаше само светлината од блицовите на присутните кои брзаа да ја фотографираат.




