МК Сцена
ФОТО: Кирил Џајковски го „запали“ во Охрид!
Како што се очекуваше, продолжението на Хајнекен Грин Бич Фестивал слеа реки луѓе на настанот број еден летово. Откако фантастичниот Фед Ле Гранд во петокот (31.07) ги запали привилегираните присутни на плажа Парк, очекуваната желба на цела публика за уште многу играње, беше задоволена на највисоко можно ниво.
Во само две недели, Кирил Џајковски успеа да ги потврди своите квалитети на двата најголеми настани во Македонија оваа година – Хајнекен Грин Бич Фестивал и Д Фестивал. Вчера, плажата Парк во Охрид, каде веќе 6-то лето се одржува водечкиот електро денс настан во во нашата земја, се наполни до врв! Според процените, на вториот ден од Хајнекен Грин Бич Фестивал присуствуваа над 10.000 луѓе, меѓу кои беше забележителен бројот на туристи од целиот свет.
Неуморниот Кирил Џајковски, прекрасната ТК Вондер и Австралијанецот ЕмСи Васп го задржаа интензитетот од првата фестивалска ноќ и воодушевија на само ним својствен начин. Од друга страна, посетителите на Хајнекен Грин Бич Фестивал максимално ја искористија можноста и го исцрпија целиот потенцијал на спектаклот.




