МК Сцена
ФОТО: Тамара Тодевска го кажа судбоносното „ДА“
Популарната поп пејачка Тамара и избраникот на нејзиното срце кошаркарот Александар Димитровски Мачка денеска го кажаа судбоносното „ДА“.
Свадбените фотографии, барем оние од почетокот на семејната прослава покажуваат дека сепак, невестинскиот фустан не е во црвена боја, како што таа најавуваше.
Информациите кои се однесуваа на подготовката на големата свадбена церемонија велеа дека Тамара била многу релаксирана во пресрет на венчавката.





