МК Сцена
ФОТОГАЛЕРИЈА: Многу рози и внимание од Женскиот град за дамите
Во изминатите три дена, Женскиот град во Скопје Сити Мол беше полн со изненадувања наменети за понежниот пол. Во пресрет на Денот на жената, Женскиот град реализира програма од отворен тип, која вклучува богата понуда на производи, но и многу едукативни панел дискусии, советувања и дружење со специјалисти од различни области.
Првиот ден мина во знакот на уметноста со женската коса, додека вториот ден интересот за панел дискусијата на Здружението Борка беше огромен.
На истото се дискутираше за методи на рано дијагностицирање на рак на дојка како и методи на превенција на оваа болест. Др. Каревски и г-ѓа Цеце Динева, како и светски познатиот моделар Изет Цури, кој е познат и како пријател и соработник на голем број светски имиња од модната индустрија, беа одлична можност за сите дами, да разговараат на теми од различни области со врвни имиња.











