МК Сцена
ФОТОГАЛЕРИЈА: „Парни Ваљак“ на бис во „Борис Трајковски“
40 години Парни Ваљак и 60 години Аки Рахимовски. Овие датуми вчеравечер култниот бенд „Парни Ваљак“ ги славеше со публиката во спортскиот центар „Борис Трајковски“ каде одржаа вистински одработен и професионален концерт.
Иако салата не беше целосно полна, сепак публиката на моменти успеваше да ја натпее музиката, додека Аки и бендот ги изведуваа познатите „Љубавна“, „Застава“, „Јесен у мени“, „Заплеши самном ову ноч“.
ФОТОГАЛЕРИЈА: Драган Тануровски / Популарно.мк (Забрането користење на фотографиите)




