МК Сцена
Голема светска музичка сензација како „загревање“ пред настапот на Роби Вилијамс во Белград
Веќе е испланирана сет листата за овогодинешната турнеја на Вилијамс чиј концерт просечно трае повеќе од 100 минути исполнети со апсолутен аудио-визуелен спектакл, со дури 20 членови на бендот кои го пратат Роби на сцената цело време!
Но, многу музичари ќе се појават на сцената како загревање пред големиот спектакл кој ќе започне во 21.30 часот!
Во духот на познатиот хит „Rock DJ“, по концертот на Вилијамс забавата продолжува на Ушќе со голема ДЏ забава со бројни светски хитови од денс и поп светските музички листи.





