Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

ХАРДВЕЛ: Секогаш работам на усовршување на мојот сон да бидам диџеј (ЕКСКЛУЗИВНО ИНТЕРВЈУ)

Музика

ХАРДВЕЛ: Секогаш работам на усовршување на мојот сон да бидам диџеј (ЕКСКЛУЗИВНО ИНТЕРВЈУ)

Уште едно во низата ексклузивни интервјуа на Популарно.мк ова лето!

Имавме можност да зборуваме со човекот со светска слава кој дури два пати ја освоил титулата БРОЈ 1 ДИЏЕЈ ВО СВЕТОТ, единствениот Хардвел.

Тој ја имаше честа да го затвори овогодинешното издание на фестивалот „Охрид колинг“.

– „Само што слетав пред два часа и од тоа што можев да го видам, Охрид изгледа прекрасно! Навистина сум возбуден што сум првпат во Македонија и ќе можам да изведувам пред моите фанови тука.“ – вели Хардвел.

Инаку, 29-годишниот диџеј потекнува од Холандија, а неговото вистинско име е Роберт Ван де Корпут.

– „Името Хардвел го добив од мојот татко кога имав 14 години. Тоа е всушност превод на англиски од моето презиме, Ван де Корпут и го користам од почетокот на мојата кариера“ – низ смеа вели тој.

На прашање дали му се остварил сонот со тоа што станал најдобар диџеј во светот или постои нешто поголемо што очекува да му се оствари, тој вели:

– „Дел од сонот дефинитивно ми се оствари, но на дел продолжувам да работам. Сакам да им бидам инспирација на младите колеги да успеат во нивните кариери и на тоа работиме со мојот тим во моментот.“ – додава Хардвел.

Инаку, поддржувач на интервјуто беа нашите пријатели од Ред Бул Македонија.

Во продолжение погледнете го целото интервју:

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Музика

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.