Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

ПОПУЛАРНО НА СИГЕТ: Започнува 7-дневната јубилејна забава на „Островот на слободата“ во Будимпешта

Музика

ПОПУЛАРНО НА СИГЕТ: Започнува 7-дневната јубилејна забава на „Островот на слободата“ во Будимпешта

Од денеска до 16 август во Будимпешта се одржува еден од најголемите европски музички фестивали, Сигет, кој веќе четврта година по ред е дел од летната фестивалска шема која ексклузивно ви ја пренесува Популарно.мк.

Островот Обудаи во реката Дунав во Будимпешта или познат кај фестивалската публика како „Остров на слободата“ овие 7 дена ќе биде центар на забавата во Европа, а се очекува да биде посетен од преку 100.000 посетители од целиот свет.

Сигет е единствен фестивал во Европа кој освен музиката ја промовира и уметноста, па така оваа година освен богатата музичка програма поделена во преку 30 сцени, посетители ќе имаат можност да видат уникатни уметнички поставки, експонати, улични перформанси, циркус и многу повеќе.

Како најголеми ѕвезди кои ќе настапат на главната фестивалска бина во Будимпешта се Пинк, Д Чеинсмоукерс, Хуртс, Иги Азелија, Том Одел, Виз Калифа, Алт џеј, Меклмор и Рајан Луис, Мејџор Лејзр, а затворањето на фестивалот е препуштено на диџеј дуото Димитри Вегас и Лајк Мајк.

Екипата на Популарно.мк седум дена ќе известува директно од фестивалот Сигет со ексклузивни репортажи, фотогалерии и ексклузивни интервјуа!

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Музика

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.