МК Сцена
И со песна од Адил, Мартија ги остави сите без зборови во „Пинк ѕвездички“ (ВИДЕО)
Мартија ја отпеа “Кој сум јас” од српскиот пејач Адил. Неверојатно е како ти сето ова го обликуваш. Рацете, потезите, мимиките, Ти си вистински уметник. Сериозен уметник. Прекрасно! – беше коментарот на Хари Мата Хари по феноменалниот настап на нашата кумановка која е на чекор до големата победа.
Мартија во новата четвртфинална емисија отпеа песна од Адил, песна и интерпретација со многу емоција. Громогласен аплауз повторно заслужи од публиката, а пофални коментари од сите членови на жирито.
– Таа знае колку ја обожувам – искоментира Марија Сердар, специјалниот член на жирито и додаде “Таа е едноставно родена за на сцена. Навистина си создадена за ова”.



