МК Сцена
„ИГРАЈ МАЛА“: Даниел Крстески со нова песна (ВИДЕО)
Очигледно девојките се неговата најголема инспирација. По последната „Милена“, младиот пејач Даниел Крстески сними уште една авторска песна со наслов „Играј мала“.
Овој пат токму Даниел се потпишува како автор на текстот и музиката, додека пак аранжманот е дело на Владимир Дојчиновски – Дојчин.
– Оваа песна како и претходната е со побрз ритам. Сметам дека на нашата естрада недостигаат брзи песни, бидејќи кога имате клубски настап подобро поминуват за разлика од баладите – вели Даниел.



