МК Сцена
„ИГРАЈ ВАЛКАНО“: Џесика Палашоска го сними еден од најскапите спотови во Македонија (ВИДЕО)
На една рака може да се избројат македонските изведувачи кои досега во нивните кариери можат да се пофалат дека имаат снимено видеоспот надвор од нашите граници.
Епа, токму тоа го стори познатата пејачка Џесика Палашоска за нејзината најнова песна која носи наслов „Играј валкано“. Спотот се снимаше неколку дена во еден од најубавите градови во светот, Барселона, а според приложеното очигледно е дека станува збор за еден од најскапите снимени видеоспотови кај нас.
Песната е дело на Борче Нечoски и Дејан Момироски, а за разлика од останатите песни на Џесика, овој пат нејзините фанови ќе имаат прилика да слушнат еден поинаков и помодерен звук.





