МК Сцена
МОРАЛНА ПОБЕДА ВО „ЅВЕЗДИЧКИ“: Мартија заврши на второ место и потпиша договор со Пинк (ВИДЕО)
Мартија Станојковиќ, македонската учесничка во хит шоуто “Пинкови ѕвездички” заврши на второто место во маратонското финале кое траеше неверојатни седум часа. За цела Македонија, нашата кандидатка е морална победничка на шоуто, а со тоа се сложуваат и многу балкански фанови и гледачи на Пинковите ѕвездички.
Таа во спектакуларната вечер за паметење испеа пет песни со кои го зацврсти своето место на пиедесталот на најдобрите не само во цел регион, туку и во светски рамки. Триумфираше со “I don’t wanna miss a thing” од Aerosmith, а во победничкиот дуел се претставо со изведбата која ја прослаби и го одбележа нејзиното учество – “Writing’s on the wall”:
