МК Сцена
Интернационален џез-викенд во Прилеп
Четвртиот интернационален Џез-фестивал вечер почнува во Прилеп. Манифестацијата „Џез-викенд во Прилеп“ што ќе трае до 29 август на публиката ќе и понуди богата програма, а ќе настапат повеќе изведувачи од земјава и од странство.
На летната сцена од Домот на културата „Марко Цепенков“ манифестацијата ќе ја отвори македонскиот артист Емин Џијан со своето трио.
Снежана Ристеска, советник за култура во општина Прилеп информира дека локалната самоуправа е организатор на Џез-викендот.




