ИСКРЕНО СО ПЕТРЕ ШИЛЕГОВ: Сам си ги пеглам кошулите оти мајка ми така ме научи
За скопскиот градоначалник Петре Шилегов не е тајна дека има бунтовен карактер. Зборува со скопски сленг и сака добра музика. Одвреме-навреме вози тротинет по Скопје, а понекогаш објавува и по некое селфи на Инстаграм. И сега тврди дека Дино Мерлин е „најбоља Нова година што му се случила на Скопје“.
„Па сега кога ќе слушнам, волку пари биле потрошени, онолку… А за првпат се случи за Нова година да нема слободна хотелска соба во градов. А, да не зборам колку пари потрошија туристите“, вели Шилегов. Рече и дека ќе се кандидира за втор мандат и дека е сигурен дека пак ќе биде градоначалник од есен.
Ретко кој знае дека на времето ќе го бркале од средното економско училиште „Борис Кидрич“ оти имал долга коса.



