Васил Гарванлиев: „Се плашев јавно да кажам дека сум геј“
Откако Васил Гарванлиев неодамна јавно проговори за својата сексуална ориентација, на себе како да го навлече гневот на јавноста, но и како да се ослободи од голем товар по јавното признание. Од една страна му дадоа поддршка и рекоа дека е храбар што зборува за работи за кои најчесто се молчи, а од друга страна го навредуваа и му се закануваа. Васил, е еден од ретките јавни личности на Балканот кој отворено зборува за својата сексуалност.
„Мислам дека бев во пубертет кога сфатив кој сум. Тогаш ѝ напишав писмо на мајка ми, а таа откако го прочита ми рече: ‘Знаев и пред да ми кажеш. Биди среќен, тоа ми е најважно’. Ми олесна што ѝ кажав и што таа ме израсна со многу љубов“, рече Васил во интервјуто. А ни откри и дека во моментов нема партнер.
„Јас верувам во љубов, тоа е мојата Ахилова пета. Тоа е и мојата порака за младите: Најди барем една личност на која ѝ веруваш, и сподели. Вистината боли, но ти дозволува да живееш мирно“, вели пејачот кој неодамна се врати од Евровизија во Ротердам.




