
Интервју
Како можеш да бидеш дел од првиот Online Startup Weekend Skopje?
На викендот од 24-ти до 26-ти април ќе се одржи првиот Online Startap Weekend Skopje – Covid-19 edition. Македонија е една од 60-те земји ширум светот кои и се придружија на глобалната иницијатива на Techstars, кои сакат да го поттикнат развивањето на бизнис идеи кои ќе помогнат со справување со негативните последици на вирусот Covid-19.
Како и секој друг Startup Weekend, овој натпревар ќе се одвива за време на викендот 24-26 април, но сите активности, од работа во тим, до менторски сесии, и презентирање на идеите, ќе се одвиваат исклучиво online. За да ги одговори сите прашања поврзани со настанот, и како можете и вие да бидете дел од него, разговаравме со Ивона Забазновска, дел од организацискиот тим од Solveo кои доброволно и оваа година го организираат Startup Weekend Skopje – овој пат online и на национално ниво.
За кого е наменет овој настан и како можат да се приклучат тие што сакаат да учествуваат?
Startup Weekend Skopje Online – Covid 19 е наменет за сите креативци, маркетери, претпремачи, дизајнери, инженери, програмери, студенти и ентузијасти кои сакаат да развијат бизнис идеја како да се намали негативното влијание на Covid-19 на општеството и на бизнис заедницата. Учествотото е бесплатно, но секој кој сака може да направи донација преку платформата Eventbrite, каде и што се пријавуваат учесниците.
На настанот може да учестуваат сите од С. Македонија кои имаат пристап до лаптоп или компјутер и интернет конекција, и сакаат да прават нешто забавно и продуктивно, притоа развивајќи бизнис за само 54 часа, кој ќе допринесе за подобрување на моменталната ситуација.


