Интервју
ПЕТАР ГРАШО: „Сакав Хана пешки за рака да ја однесам в црква, за жал моравме да бараме обезбедување“
Хрватскиот пејач и композитор Петар Грашо беше два дена во Скопје. Кога е тука вели дека едвај чека да седне во кафеана. „Ма тоа го нема нигде ко тука. Седнуваш на маса, те чека ајвар, леб, сирење, маслинки, па уште некое добро вино. Оливер Драгојевиќ на времето ми викаше: ‘Кога ќе доаѓаш во Скопје на концерт, дојди два три-дена порано, тука има и вино и музика’,“ искрен е Грашо.
Во Скопје беше и сопругата Хана, со која се ожени пред неполн месец. Тоа беше една од најозборуваните свадби во регионот. Хана е ќерка на Тончи Хуљич, а Грашо беше 24 години во љубов со Данијела Мартиновиќ со која беа неразделни.
„Многу се пишуваше за мене и Хана. Се пишуваше сешто, а некои медиуми не беа фер, но генерално повеќето беа коректни“, раскажува во интервју за „Репортер“, хрватскиот пејач.



