Интервју
Татко ми не дозволи да станам пилот, па почнав да играм фудбал – искрeно со сeлекторот Игор Ангеловски
Од пласманот на ЕП до победата над Германија и албумот со сликички на „Панини“, во кој првпат се и македонските фудбалери – селекторот Игор Ангеловски вели дека го живее својот сон.
Не само негов, туку и на многу гeнерации, кои 30 години чекаа Македонија да игра на Европско. Неодамна и тој, како и многумина, застана во редот да чека за да си купи албум со сликички.
Вели: „Нема тука ништо чудно. Јас сум татко на три деца – Лука, Луна и Леа, кои сакаат како и другите деца да имаат албум. Јас сум ист како и секој граѓанин и ќе го почитувам редот. Ме препознаа и сакаа да ме пуштат преку ред, ама јас тоа го одбив затоа што сечие време е вредно“, раскажува селекторот Ангеловски.




