Музика
Искрениот настап и тажната приказна ѝ ја донесоа првата победа на Португалија на „Евровизија“ (ФОТО)
Португалецот Салвадор Собрал победи на 62. издание на изборот за песна на Евровизија кој вчеравечер се одржа во Киев.
Тој оваа неочекувана победа ја опиша како победа на емоциите и победа на музиката.
Португалецот освои 758 поени од стручното жири и телевоутингот и ја донесе првата победа на Португалија по цели 53 години учество во европскиот избор за најдобра песна.





