Музика
Камповите на фестивалот „Егзит“ на најубавата плажа на Дунав!
Оваа година една од најголемите атракции на „Егзит“ и „Си Денс“ фестивалите е – песочната плажа! Сите кампери на „Егзит“ Авантурата ќе ги израдува овогодишната локација за „Егзит Вилиџ“ (Exit Village), односно најстарата, најголемата и според многумина најубавата песочна плажа по течението на Дунав, славното капалиште Штранд!
Убедливо омилената локација за камперите во историјата на „Егзит“ фестивал, поради која своевремено дури и луѓето од Нови Сад поставуваа свои шатори, за да почувствуваат дел од единственото „Егзит Вилиџ“ искуство, и оваа година се враќа во полн сјај.
Колку се легендарни фестивалските ноќи на Штранд, говорат искуствата на десетици илјади млади луѓе од целиот свет и бројни светски медиуми, кои долго по посетата на Нови Сад, сведочеа за убавините на дунавската Копакабана. Ултимативната летна авантура ќе продолжи во „Си Денс“ кампот сместен на Јаз, славната јадранска плажа која највлијателниот светски туристички водич, „Лоунли Планет“ (Lonely Planet) неодамна ја стави на прво место во листата на најдобрите европски плажи!




