МК Сцена
Кратово е подготвено за „Златните денови“
Уште само неколку часа до почетокот на Златни Денови Кратово. Се е подготвено за овогодинешното издание на оваа манифестација која викендов ќе ги собере најдобрите музичари од Балканов и Македонија на едно место.
Капацитетите се пополнети, се бара место повеќе по хотелите и апартманите. Очигледно, овој викенд сите правци водат во градот на мостовите и кулите. Настанот кој ќе ги обедини, зближи и поддржи македонските музичари е причина плус зошто овие денови треба да се биде во Кратово.
Официјалниот почеток на вечерната петочна програма е закажан за во 20 часот и 30 минути, која ќе биде во чест и посветена на неповторливиот македонски народен пејач, Јонче Христовски, чии песни ќе бидат изведувани од страна на Виолета Томовска, Јордан Митев, Атина Апостолова, Ефто Пупиновски и Блага Петреска. Истите ќе бидат придружувани од оркестарот Академци под водство на маестро Сашо Ливрински.




