МК Сцена
Каролина Гочева: „Среќна сум што ќе го приближам светскиот бренд Авон до македонските жени“
Атрактивниот супермодел Ирина Шаjк, светски познатата тенисерка Марија Шарапова и холивудската актерка Меган Фокс се само дел од глобалните ѕвезди кои се ангажирани како заштитни лица на козметичката компанија AVON, а на тоа ексклузивно семејство за првпат му се придружува и македонско познато лице – популарната пејачка Каролина Гочева.
Една од најнегуваните дами на домашната сцена и убедливо највпечатливата македонска ѕвезда, во текот на претстојната година ќе се појавува низ страниците на брошурите на AVON за македонскиот пазар.
Партнерството официјално започнува со почетокот на четвртиот квартал 2015 година, а ќе трае сè до истиот период во следната година. Во споменатиот период прекрасната Каролина ќе ги стави својот потпис и препорака на неколку внимателно одбрани премиум производи и брендови од палетата на AVON.









