Музика
Кендрик Ламар со осум номинации за претстојните Греми награди
Ламар е очекувано номиниран зашто беше активен на неколку полиња, соработуваше со артисти од неколку жанрови и беше задолжен за музиката на филмот „Black Panther“.
Познатиот американски рапер Кедрик Ламар има најмногу, односно осум номинации за претстојните Греми награди кои ќе се одржат во Лос Анџелес на 10 февруари идната година. Најмногу номинации добија претставниците на хип-хоп музиката, од каде доаѓаат пет од шесте најмногу номинирани артисти.
Ламар е очекувано номиниран зашто беше активен на неколку полиња, соработуваше со артисти од неколку жанрови и беше задолжен за музиката на филмот „Black Panther“.
Песната „All of the Stars“ е номинирана за Песна на годината и Снимка на годината. Разликата помеѓу двете категории е во тоа што во првата категорија се наградува авторот на песната, додека во втората се наградува изведувачот. Во конкуренција за двете награди се уште и „The Middle“ на Зед и Марен Морис, „Shallow“ на Лејди Гага и Бредли Купер, „God’s Plan“ на Дрејк и „The Joke“ на Карлајл.




