МК Сцена
Клаудија Кардинале и Роџер Дикинс гости на отворањето на 39. „Браќа Манаки”
Големата италијанска и светска актерка, легендарната Клаудија Кардинале, како и оскаровецот Роџер Дикинс, денеска ќе чекорот на црвениот тепих на отворањето на 39. издание на фестивалот „Браќа Манаки”.
Клаудија Кардинале пристигна вчера со својата ќерка, која се вика исто како неа, Клаудија и иако помалку уморна, таа на аеродромот во Скопје беше расположена, ведра и заинтересирана да ја запознае земјата која и’ оддава почест со наградата Специјална Златна камера 300 за особен придонес во светската кинематографија.
Таа како вистинска филмска дива не покажа дека е заморена од патот, дозволи неколку фотографии веднаш по пристигнувањето. По краток одмор во Скопје, таа продолжува кон Битола каде вечерва, на свеченото отворање на 39. Интернационален фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“ ќе и’ биде врачена наградата.




