МК Сцена
Концерт на MAGNIFICO во Скопје!
Во петок, на 13-ти април, едно од најинтригантните имиња на музичката сцена во регионов, словенечкиот музичар Роберт Пешут Мањифико доаѓа во Скопје подготвен да приреди незаборавно концертно доживување за македонската публика.
Неговиот концерт ќе се одржи во клубот Станица 26, со почеток во 20:30 часот, а за овој ексклузивен настан достапни се само ограничен број билети кои се продаваат преку продажната мрежа на MkTickets и тоа по цена од 300 денари во претпродажба (на врата: 400 денари).
Мањифико (Magnifico) со својата еклектична музика надополнета со препознатливиот хумор и иронија важи за една од најистакнатите музички фигури на просторот на поранешна Југославија. Својата музика тој ја опишува како ретро шик, со комбинација на балкан-диско шлагери и џез. Неговата музичка кариера која се протега низ повеќе од три децении, ја одбележуваат бројни огромни хитови коi го освоија целиот Балкан, а со 11-те објавени албуми и повеќе од 1000 концерти одржани досега тој изгради и успешна меѓународна кариера.




