МК Сцена
Концерт на Љубојна за Стара Нова година во Охрид (ФОТО)
„Излегу да се мамо рашета“, „Твојте очи Лено“ и многу други големи хитови, испеани од грлото на Вера Милошеска синоќа направија Охрид да доживее уште една вечер за паметење со настапот на групата Љубојна.
Еден од најоригиналните домашни музички состави настапи на Градскиот плоштад како дел од проектот „Од 20-ти до 20-ти СИТЕ ВО ОХРИД“ и прославата на празникот Стара Нова година – Василица.






