МК Сцена
„КОРЧАГИНСКА ПРОСВЕТИЛКА 2016“: Матурантите ги наградија своите професори (ФОТО)
Кога нешто ќе ви се случи еднаш, не мора да се случи два пати, но кога ќе ви се случи по втор пат – тогаш станува традиција.
Корчагинските матуранти традиционално по трет пат ги просветлија своите професори со „Корчагинска просветилка“ заблагодарувајќи им се на стекнатите знаења, вештини и способности во текот на своето четиригодишно образование. Признанијата за објективни, посветени, инспиративни, принципиелни, грижливи, авторитативни и многу други атрибути, професорите ги примија со емоции на радост.























