МК Сцена
ФОТОГАЛЕРИЈА: Илјадници присутни на романтичниот настап на „Нокаут“ под свеќи
Парк Резиденс во соработка со Фон Универзитет ја организираа 5. по ред „Фабрика на знаење“ и самиот настан кој се одржа вчеравечер беше еден од најголемите настани кои ќе ја одбележат оваа 2015 година со илјадници присутни. Настанот се оддржа во дворот на Парк Резиденс и Брик Бар, во пријатна и романтична атмосфера.
Оваа петта, јубилејна година вклучува нови 120 студенти, 20 професори и асистенти, во пет нови проекти по два конкурентни тима кои вчеравечер ги претставија на јавноста своите решенија пред нарачателите од реномираните деловни субјекти.





