МК Сцена
КУПЕТЕ СИ ВЛЕЗНИЦИ НА ВРЕМЕ: Распродаден саботниот концерт на Жељко Јоксимовиќ
Еден од закажаните три новогодишни концерти на Јоксимовиќ во Скопје, е распродаден. Останати се ограничен број влезници и за останатите два закажани за 1 и 2 декември.
Македонскиот организатор на целиот овој проект на Жељко Јоксимовиќ наречен „Два Света” Прагма Продукција, велат дека воопшто не се изненадени од реакцијата на публиката затоа што по пуштањето во етер на првата песна влезниците почнале да се продаваат со голема брзина.
„Два света” е едно сосема поинакво издание на Жељко Јоксимовиќ. Џез варијанти на фолк, поп, рок па и стари народни песни, во придружба на 40 музичари односно Биг бенд на сцена.




