МК Сцена
ИНТЕРЕСОТ ПОГОЛЕМ ОД ЛАНИ: Започнува продажбата на влезници за фестивалот „Егзит“
До следниот „Егзит“ фестивал и големата прослава на 50 години од славното „Лето на љубовта 1967“ остануваат уште осум месеци, а интересот за влезниците е дури двојно поголем од претходните години!
Веднаш по завршувањето на овогодишното фестивалско издание, во рок од само пет дена, за првите влезници се пријавија дури 20.000 фанови од над 60 земји во светот. Сите пријавени во тој период веќе ги набавија своите билети, и тоа порано од било кога претходно. Во среда на 7-ми декември, точно на пладне, почнува и глобалната продажба на влезниците за „Егзит – лето на љубовта 2017“!
Многу ограничен број на влезници ќе биде достапни по првата, промотивна цена од 3.580 денари, што претставува заштеда од дури 60% во однос на полната цена. Од 7-ми декември почнува и продажбата на влезниците за фестивалскиот камп на брегот на Дунав по цена од 1.630 денари.




