МК Сцена
Лауреатот од Венеција и Берлин Жоао Салавиза денеска во Битола
Интернационалниот фестивал на филмската камера „Браќа Манаки“ денеска ќе биде домаќин на лауреатот од Берлин и од Венеција, младиот португалски режисер Жоао Салавиза.
Португалецот Салавиза напладне ќе има средба со учесниците на фестивалот и разговор со студенти, режисери и други филмски работници кои годинава се во Битола.
– Честа е голема бидејќи токму ИФФК „Браќа Манаки“ е вториот фестивал во светот каде е прикажан неговиот долгометражен филм „Планина“, веднаш по премиерата на филмскиот фестивал во Венеција. Со синоќешната презентација воедно почна програмата „Нов европски филм“ која е фестивалски новитет во оваа година, информираа од ИФФК „Браќа Манаки“.




