Сцена
Лејди Гага ја откажа европската турнеја поради силни болки
Познатата поп пејачка Лејди Гага ги откажа последните концерти од европската турнеја поради силни болки.
Како што таа објави на твитер, нејзиното здравје било на прво место:
– „Многу сум скршена, не знам како да го опишам ова. Мојот лекарски тим ја поддржа одлуката да се вратам дома. Морам своето здравје да го ставам на прво место“, објави пејачката на Твитер.




