МК Сцена
Легендарниот француски кинематографер Пјер Лом пристигна во Македонија (ФОТО)
Големиот француски кинематографер Пјер Лом, лауреат на Златна камера 300 за животно дело на годинешното 38. издание на Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“, пристигна во Македонија, заедно со својата сопруга Рене.
Тој денеска, по краток престој во Скопје ќе замине во Битола, каде на свеченото отворање на фестивалот ќе му биде врачена наградата.
Иако на возрасни години (1930), легендарниот кинематографер веднаш ја прифати поканата на директорот на фестивалот, Благоја Куновски Доре, да дојде во Македонија и да ја запознае земјата и фестивалот кој ја слави работата на кинематограферите.




