МК Сцена
ЗАПОЧНА ВИНО СКОП: Квалитетно домашно и странско вино и добра музика на плоштадот „Мајка Тереза“
Со настапите на Караванија, одлични џез изведувачи, Калевала- бенд кој изведува традиционални песни од целиот свет и Викторија Лоба, на плоштадот „Мајка Тереза“, пред МОБ, вчеравечер почна 11 по ред Фестивал на виното „ВИНО СКОП 2017“.
Посетителите на годинешниов фестивал имаат можност да дегустираат повеќе видови квалитетни вина, кои се изложени на штандовите на 10-тина винарии, производители на македонско вино коишто им нудат нови вкусови на љубителите на доброто вино, презентирани по промотивни цени.
Скопјани и гостите од други градови, како и изминатите години ќе дегустираат и вкусни македонски деликатеси коишто одлично одат со добра чаша вино, а се тоа ќе биде проследено со богата културно-уметничка прогама.









