Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Лозано со спот за радискиот хит „Жена како ти“

МК Сцена

Лозано со спот за радискиот хит „Жена како ти“

Еден од најдобрите пејачи на македонската поп рок сцена, Влатко Лозаноски – Лозано, денеска го промовира својот видео запис за песната „Жена како ти“ која е веќе подолго време хит на радио станиците.

Лозано ја продолжува успешната соработка со Лазар Цветкоски кој ја напиша музиката и аранжманот, а стиховите ги напиша Магдалена Цветкоска Ена.

Видео записот е снимен на повеќе локации, на ранчот на коњичкиот клуб “Дона“ во Радишани и на преубавите предели на  Галичник, Маврово и Козјак. Во видео записот се појавуваат четирите прекрасни девојки Сандра Јовановска, Симона Станковска, Моника Саболиќ и актерката Јана Стојановска кои одлично се снајдоа во своите улоги.

За стајлинг за девојките се погрижи Викторија Арсовска. Видео записот е во комплетна реализација на Горила Филмс, во режија на Горан Костадинов. Лозано за прв пат не се појавува во свој видео запис кој е одлична најава за летната турнеа на концерти која следи.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од МК Сцена

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.