Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Гимназијата „Орце Николов“ ве кани на предновогодишна журка!

МК Сцена

Гимназијата „Орце Николов“ ве кани на предновогодишна журка!

Средношколците од скопската гимназија „Орце Николов“ трета година по ред организираат предновогодишна забава во своето училиште, со која, како што велат, ги прославуваат новогодишните празници, но и посакуваниот зимски распуст.

Оваа журка ќе се одржи на 23 декември, со почеток во 18 часот, во холот на училиштите, а е во организација на „ај-ти“ секторот и радиото во склоп на гимназијата „Орце Николов“.

Организаторите велат дека забавата ќе се состои од 3 дела – настап на диџеј, соло артисти или дуети и бендови, а програмата ќе биде објавени на официјалниот фејсбук настан во деновите кои следуваат.

Картите се во продажба и чинат симболични 50 денари.

Поканети се сите оние кои сакаат да го почувствуваат младешкиот дух!

 

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од МК Сцена

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.