МК Сцена
МАРТИЈА ВЕЛИЧЕНСТВЕНА НА СЦЕНАТА: Двете Македонки влегоа во суперфиналето на „Ѕвездички“ (ВИДЕО)
Најголемиот фаворит за победа на “Пинковите ѕвездички” и наша најголема гордост, Мартија Станојковиќ е онаа која во недела во големото суперфинале ќе ги брани боите на Македонија. Мартија, заедно со Антонија се дел од десетте суперфиналисти кои вечерва успеаа да се пласираат во последната борба во недела во 21 часот.
Таа ја отпеа “Bound to you”, балада од Кристина Агилера која на сцената изгледаше магично и моќно.
– Ти нас не хипнотизираше, имаш сериозна моќ – искоментира Милан Станковиќ по нејзиниот настап. На неговиот коментар се согласија Јелена и Хари, за кои ова беше спектакуларно и нереално совршено.




