Музика
Мартин Гарикс му се придружува на Дејвид Гета за историско финале на Егзит!
Во чест на освојувањето на актуелната титула за Најдобар европски фестивал, ЕГЗИТ оваа година за публиката приредува големо финале и журка која ќе ги надмине сите досегашни!
Настапите на завршната ноќ на ЕГЗИТ фестивал во недела 15-ти јули ги потврдија некои од најмоќните изведувачи на планетата како што се најголемиот светски хитмејкер Дејвид Гета (David Guetta) на главната бина и водечката техно ѕвезда Нина Кравиц (Nina Kraviz) на Денс Арена! Сепак, ваквата журка не може да помине без официјално првопласираниот диџеј во светот, Мартин Гарикс (Martin Garrix), кој реши по настапот на церемонијата за затворањето на Зимските олимписки игри во Пјонгчанг, да ја збогати и журката за затворањето на најдобриот европски фестивал и на Петроварадинската тврдина да го донесе своето спектакуларно шоу!
Така на главната бина на Егзит ќе настапат двете најпопуларни светски диџеи ѕвезди што годинава ќе биде единствен случај во целиот свет, и тоа додека низ планетата ширум одекнуваат нивните два заеднички хит синглови, „Like I Do“ и големата химна „So Far Away“, а светските медиуми пишуваат дека се подготвува и трета соработка, чија премиера можеби ќе биде токму на Егзит.




