Музика
АББА по 35 години сними две нови песни
Членовите на шведската група АББА соопштија дека првпат по 35 години имаат нов материјал.
Тие наведоа дека снимиле две нови песни, од кои едната се вика „Се уште верувам во тебе“ (I Still Have Faith in You).
Славната шведска четворка Агнета Фелтског, Бјорн Улвеус, Бени Андерсон и Ани-Фрид Лингстад во 70-тите години на минатиот век имаа голем број светски хитови како „Ватерло“, „Денсинг квин“ и други.




