МК Сцена
„20 години ДНК“: Сѐ е подготвено за големиот концерт
Сѐ е подготвено за големиот, славенички концерт на ДНК насловен „20 години ДНК“, а закажан на 3 декември (сабота) во арената „Борис Трајковски“.
Стартот на концертот е предвиден за 20 часот, а настанот ќе значи заокружување на едно убаво и големо поглавје во кариерата на двоецот, но и патување низ времето со најголемите хитови на Панчо и Андреј.
Освен нив на сцената присутните во салата ќе ги видат и чујат и луѓето со кои другаруваат и соработуваа во текот на кариерата – Тамара, Ена, Таско, Наум Петрески, Јанг Дади, Џамбо Агушев и неговиот оркестар… За загревањето на атмосферата, пак, ќе се погрижат диџеите Ајри Скреч и Нести.




