МК Сцена
Билбилов спакува одлично парче – „Ме изгуби ти“ се вика темата, а Ангел Спасов е новото име на домашната сцена
Ангел Спасов е ново име на домашната музичка сцена. Станува збор за младо момче, средношколец кој доаѓа од Струмица. Тој не случајно е во светот на музиката, која покрај медицината му е огромна љубов, и не случајно на јавноста ѝ ја промовира својата прва песна со наслов „Ме изгуби ти“, спакувана од веќе докажаниот хит-мејкер Роберт Билбилов.
Дебитантската песна на Ангел носи свеж и модерен призвук, а таков е и концептот на видеото, потпишано од Зоран Стојановски-Зонде. Во кадрите освен Ангел се појавува и Ема Стојановска, членка на модното студио Зоа модел.
„Велат кога нешто силно посакуваш се остварува, во моментов го живеам мојот сон. Имам песна каква што одамна посакував и пресреќен сум што со Роберт „кликнавме“ од прва и навистина ме погоди. „Ме изгуби ти“ е песна во стилот кој и приватно сакам да го слушам и нешто што на кое, нели без разлика на сѐ, знам дека ќе бидам горд затоа што е и отпеана и направена со многу љубов и на едно професионално ниво. Едвај ги чекам реакциите на публиката, затоа што навистина верувам во песната“, вели Ангел Спасов.






