МК Сцена
БИЛЕТИТЕ ПУШТЕНИ ВО ПРОДАЖБА: Обезбедете ги најдобрите места на MAC!
Не пропуштајте ја можноста да бидете никогаш поблиску до ѕвездите – обезбедете си најдобри места на MAC! Во продажба е пуштен ограничен број влезници за местата од кои своите омилени изведувачи ќе ги видите од огромна близина, а секој детаљ на Music Awards Ceremony спектаклот ќе го доживеете на потполно поинаков начин.
Супер Фан пит влезниците по цена од 3000 динари се достапни на страницата eventim.rs. Овие билети ќе им овозможат на среќните купувачи на 29 јануари во Штарк Арената од најголема близина да уживаат во настапите на Марија Шерифовиќ, Жељко Јоксимовиќ, Бајага, Ван Гог, Петар Грашо, Тони Цетински, Сергеј Ќетковиќ, Каролина Гочева, Наташа Беквалац и многу други ѕвезди.
Публиката од регионот досега немала можност на едно место да ги види сите најпопуларни изведувачи од Србија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Македонија и Црна Гора, а целта на Скајмјузик, кој ја организира и продуцира манифестацијата, е на посетителите во Штарк Арена да им приреди спектакл за памтење.




